Бесплатен одмор за деца од социјално загрозени семејства
Вкупно 2.000 деца од семејства кои примаат социјална помош и деца без родителска грижа ќе одат на летување на сметка на државата годинава, објави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Сите заинтересирани треба да поднесат барање до Центарот за социјална работа до 27-ми овој месец.
„Поаѓајќи од универзалното право дека секое дете има право на социјална сигурност, рекреација и животен стандард е мотивот поради кој и оваа година ќе се реализира Проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик“, вели Спасов.
Проектот се реализира од 2012 година и досега вкупно 6.000 дечиња од вакви семејства биле на бесплатен летен или зимски одмор.
Слично
