Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатен меѓуградски превоз за глувите лица

Бесплатен меѓуградски превоз за глувите лица
Потполно глувите лица и лицата со интелектуална попреченост ќе добијат можност за бесплатен меѓуградски превоз, согласно измените во Законот за патен сообраќај. Со измените се предвидува овие лица да имаат право на шест бесплатни повратни карти во месецот за нив и за нивните придружници. За остварување на оваа поволност потребно е лицата да приложат потврда за членство и возен картон издаден надлежниот национален сојуз, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Вистинската интеграција на лицата со инвалидитет во севкупното живеење започнува со тоа што им се овозможуваат услови за непречена комуникација и движење. Министерството за труд и социјална политика со партнерите од невладиниот и граѓански сектор и другите институции, постојано осмислува концепти за поволности на лицата со инвалидност“, нагласи Спасов. Бесплатниот превоз се обезбедува во соработка со Министерството за транспорт и Здружението на превозници. Фото: Нетпрес
Слично

Поврзани вести