Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите!

Бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите!
Сет мерки за младите лица најави премиерот Груевски. Откако Владата во изминатиот период беше насочена кон пензионерите и повозрасните лица, сега во приоритетите ќе влезат и младите. Во текот на оваа недела, како што нагласи Груевски, ќе биде донесена и одлуката со која се овозможува бесплатен превоз во градските автобуси, на жичарницата на Водно и бесплатен железнички превоз за студентите секој четврток. Додаде дека ќе биде воведено и бесплатно посетување на државни или општински театри, музеи и кина за студентите, проект кој исто така беше ветен во изборната програма. Груевски се пофали и дека мерката за вработување на млади лица до 29 годишна возраст, со која работодавачите во првите 12 месеци се ослободени од плаќање на придонеси и персонален данок со обврска да ги задржи уште 12 месеци е одлична. - Веќе 2.122 лица се вработени благодарение на оваа мерка, а не се поминати повеќе од два-три месеци, значи мерката дава одлични резултати, нагласи Груевски.
Слично

Поврзани вести