Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беспарицата во просек им скрати по две години живот на Грците

Беспарицата во просек им скрати по две години живот на Грците

Животниот век во Грција се очекува дека ќе биде намален за две години, покажало Истражувањето на Националното училиште за јавно здравје, а објавија грчките медиуми.

Според заклучоците, последиците од економската криза за здравјето на населението се тешки. Шест од десет граѓани ја одложуваат посетата на лекар поради финансиски причини, а напогодени се болните од рак, кардиоваскуларни заболувања, дијабетис, висок крвен притисок и белодробни заболувања, кои претставуваат околу 38 проценти од населението, заедно со возрасните и сиромашни лица.

Во период од една деценија, животниот век во земјата ќе се намали за две години, поради влошувањето на квалитетот на животот на граѓаните, посочуваат од Националното училиште за јавно здравје.

Слично

Поврзани вести