Беспарицата и економската зависност од родителите ги тера младите да си заминат од земјава
Неколку години наназад Македонија се соочува со егзодус .
Се повеќе млади лица ја напуштаат земјата и вадат „билет во еден правец“.
Фондацијата Фридрих Еберти и институтиот за социолошки испитувања истражуваа која е причината која ги тера младите да заминат далеку од семејниот покрив.
Податоците се дека речиси секое второ младо лице ја напушта земјата поради безпарицата, невработеноста и економската зависност од родителите.
Загрижувачки е податокот дека речиси 33 проценти од младите сакаат да се иселат засекогаш од Македонија, додека половина од младите сакаат само да заминат од тука.
Најчесто младите како дестинација ја избираат западна Европа.
Разочараноста од образовниот систем во земјата и партиските вработувања се загрижувачки, младите немаат шанса да дојдат до израз па затоа решаваат со својата диплома среќата да ја побараат надвор од земјата.
Досега често пати е правена стратегија која би ги задржала младите во земјата но засега безуспех и е реализирана но само на хартија.
