Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими задоволен што Европската комисија ја потврди препораката за Македонија

Бесими задоволен што Европската комисија ја потврди препораката за Македонија
Шестата препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, што ја доби Македонија од Европската комисија вчера, е потврда на континуитетот во исполнувањето на критериумите, смета вицепремиерот за евроинтеграции Фатимир Бесими. Користејќи ги практично истите формулации како и премиерот Никола Груевски вчера, Бесими нагласи дека „и покрај извесноста од тоа што нè чека во Советот во декември, Комисијата остана доследна на својата политика и ние тоа го цениме“. „И покрај сите предизвици со кои се соочува Македонија, Европската комисија по 6-ти пат смета дека државава заслужува нова препорака, со што потврдува дека Македонија има достигнато ниво на реформи, односно е подготвена да почне пристапни преговори за полноправно членство во Европската унија“, рече Бесими. За нас, според Бесими, останува да работиме на содржината, а тоа се судството, слободата на изразување, добрите меѓуетнички односи, политичкиот дијалог и добрите соседски односи, односно  надминување на отворените прашања со соседите. „Важно е во овој период да не се дефокусираме од еворпската агенда. Република Македонија ќе има многу работа на патот кон ЕУ и ние не се откажуваме од тоа, потенцира Бесими, додавајќи дека во извештајот се нотирани и голем број  области во кои има огромен непредок како што е регионалната соработка, борбата против организираниот криминал на МВР, во делот на реформите во јавната администрација, за непредокот во економската област, зајакнувањето на пазарната економија, намалувањето на невработеноста, трендот на раст на БДП...
Слично

Поврзани вести