Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими во Брисел, ќе се види и со Могерини

Бесими во Брисел, ќе се види и со Могерини
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојува во посета на Брисел, каде ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, соопштија од кабинетот на Бесими. Според најавата, освен со Могерини, Бесими ќе разговара и со Жан-Ерик Паке, новиот директор на секторот “Б” во новиот Директорат за проширување на Европската комисија. „На средбите, Бесими ќе се осврне за процесот на интеграција на Република Македонија како и нејзините перспективи и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда. Исто така ќе се дискутира за статусот на реализација и идните клучни приоритети кои произлегуваат од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на РМ и заклучоците на Европскиот Совет“, соопштуваат од кабинетот на вицепремиерот. Неговата нова посета на Брисел не беше претходно најавена. Во седиштето на ЕУ македонскиот вицепремиер последен пат беше пред само една недела, кога се сретна со новиот еврокомесар за европско соседство и преговори за проширување Јоханес Хан. Хан тогаш најави промена на пристапот за решавање на спорот околу името со поголема вклученост на ЕУ, со цел да се деблокираат македонските евроинтеграции. Средбата сега со Могерини доаѓа непосредно пред претстојниот декемвриски Европски совет, на кој се очекува прашањето за датум со преговори со Македонија повторно да се најде на маса иако без поголеми изгледи дека е возможно поинакво решение за земјава од оние што ги добиваше до сега.
Слично

Поврзани вести