Бесими во Брисел, Хан бара траен компромис
Извештај за реформите кои неформалната Влада треба да ги спроведе пред да биде издаден октомврискиот извештај за напредокот од кој зависи продолжувањето на Македонија кон евроинтеграциските процеси и препорака за членство во Унијата денеска во Брисел му беше даден на потпретседателот на Владата Фатмир Бесими во Брисел.
Тој денес во Брисел имаше средба со еврокомесарот Јоханес Хан кој што му ги предал заклучоците кои Европската комисија ги направила за последните случувања во земјава.
Пораката која Јоханес Хан треба да им ја пренесе на политичките лидери а им ја испрати Хан е да го почитуваат договорот од 2 јуни кој е постигнат во Скопје и конечно да најдат компромис и да се стави крај на политичкава криза која ја тресе земјава веќе неколку месеци.
Што содржи извештајот кој Фатмир Бесими го добил? Какви препораки?
Во документот се бара независност и неселективност на судството, соодветни реформи во државните служби на МВР, потоа реформи во одржување на изборниот процес, а најважно реформи во слободата на медиумите и изразувањето.
Овој извештај е најнов направен од страна на ЕК , го изработил експертот на Еврокомисијата Рајнхард Прибе и ги опфаќа оние приоритети кои под итно Македонија треба да ги направи во најкраток временски период.
Бесими вели дека Македонија ја има поддршката за реформите во европските интеграции и ЕУ сака да види клучен напредок во преговорите и конкренти чекори во однос на реформите.
