Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими: Случајот со приватизацијата за 7 евро квадрат кај „Нова Македонија“ е последен

Бесими: Случајот со приватизацијата за 7 евро квадрат кај „Нова Македонија“ е последен

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека случајот со атрактивното државно земјиште од 7 евра квадрат кое заврши во сопственост на градежната компанија „ЗСФ-КОМ“ во близина на поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“.ќе биде последен од таков тип.

Според документите за градба на инвеститорот на овие 4 парцели е предвидено да никне нов деловен комплекс. Атрактивно земјиште во центарот на Скопје е продадено за 438 денари за квадрат. Платформата „Само прашај“ претходно објави документи според кои 4 парцели во државна сопственост на површина од 663 метри квадратни се приватизирани за помалку од 5000 евра.

Бесими во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека станува збор за приватизација, а не продажба од страна на Министерството за финансии.

„Станува збор за приватизација за која има уредба од 2011 и на жалост тоа останало и тука констатацијата е дека таа треба да се менува. Очигледно е тоа дека се користи од бизнисот. За тоа е надлежна Управа за имотно-правни односи која одлучува врз основа на акти од општината и државниот правобранител. Тоа е градежна парцела на општината за која има постапки од 2018. Уредбата на Владата за цена од 7 евра е дискутабилна и ние веќе разговаравме за тој проблем.

Набрзо ќе се промени оваа уредба и ова ќе биде последен случај по оваа цена и цените ќе бидат пореални. За постапките во законот треба да има етика и морал. Не се работи за двор пред куќа, туку за комерцијални објекти“, рече Бесими во емисијата.


Слично

Поврзани вести