Бесими предизборно кај Филе во Брисел
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими утре оди во Брисел, каде што е предвидено да оствари средба со еврокомесарот за проширување Штефна Филе, информираат од Кабинетот на Бесими.
„Вицепремиерот Бесими на средбата ќе се осврне на остварените реформи и предизвици со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европска унија. На истата акцент ќе биде ставен на статусот на реализација и идните приоритети во делот на слободата на изразување и владеење на правото, приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, како и степенот на искористеност на ИПА 2007-2013г.“, се додава во соопштението.
Нема повеќе информации дали на средбата ќе стане збор и за претстојните избори во Македонија.
Слично
