Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими најави задолжување со нови видови обврзници

Бесими најави задолжување со нови видови обврзници

Владата ќе го сервисира долгот следната година со пари од домашни и странски извори, објави министерот за финансии Фатмир Бесими презентирајќи го денеска буџетот за 2022 година. Рече дека буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3 проценти од БДП или 33,5 милијарди денари или 544, 4 милиони евра. Ќе се враќаат и 11,6 милијарди денари (188 милиони евра) веќе позајмени пари.

Од сите овие 441 милион евра ќе се обезбедат од домашни извори, а 346 милиони евра ќе се обезбедат од странски извори.

Јавниот долг ќе биде 65,5 проценти од БДП на крајот на годината.

„Буџетот ќе биде целосно ликвиден и ќе ги исполнува навреме сите потреби, рече Бесими.

Рече дека ќе има новини во финансирањето и најави изадавање на четири видови нови обврзници односно развојни, зелени, проектни и обврзници индексирани со инфлација.

Бесими вели дека со парите позајмени преку развојни обврзници ќе се финансираат најмногу капитални проекти и капитални расходи, зелените се за потикнување проекти за унапредување и заштита на животната средина, а проектните ќе се врзуваат со одреден проект односно ќе се позајмуваат пари за конкретен проект. За обврзниците кои се индексирани со инфлација Бесими рече дека ќе имаат тројни ефекти односно ќе ја намалат готовината во оптек ќе придонесат за намалување на неформалната економија.

Бесими вели дека е планирано и предвремено враќање на дел од надворешниот долг ако има околности.

Вкупните буџетски расходи идната година ќе изнесуваат 272,4 милијарди денари (околу 4,43 милијарди евра), или 35,2 отсто од домашниот бруто-производ, додека вкупните приходи се проектирани на 238,9 милијарди денари (или околу 3,8 милијарди евра) односно 30,9 отсто од БДП. 

А.Т. 

Слично

Поврзани вести