Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими: Македонија е под лупа на ЕУ за секој нејзин чекор

Бесими: Македонија е под лупа на ЕУ за секој нејзин чекор
Македонија создаде амбиент каде што, условно кажано, политичките критериуми повторно се ставија на маса од страна на одредени земји-членки на ЕУ во однос на тоа дали во Македонија институциите имаат соодветен демократски капацитет согласно копенгагеншките критериуми. Ваква оценка дава Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. „Отсекогаш во однос на интеграциите во ЕУ се гледаат работите во пакет. Кога велам пакет, значи реформите во сите области, а кога зборувам за областите што се приоритетни за иднината на Македонија во текот на оваа година во исто време е и прашањето за името. Овие две работи во неколку прилики јас сум ги нарекол како две педали за возење еден велосипед, мора и двете да одат синхронизирано за да може велосипедот да се движи. За Македонија да продолжи со наредните чекори треба во исто време да работи на реформите и приоритетите што се во директен интерес на граѓаните на Македонија, а и да се реши прашањето за името, вели Бесими. Македонија посочува, е под скенер, секое наше движење се проценува од страна на земјите-членки на ЕУ.
Слично

Поврзани вести