Бесими: Ќе се изработат и ќе се пуштат во употреба новите картички за еднократна помош
Целиот четврти сет мерки чони 470 милиони евра, а од нив 160 милиони евра се директна фискална импликација, било преку зголемени расходи, или намалени приходи, или одложени приходи.
„Дел од тие пари ќе се обезбедат со ребалансот и веќе во Финансии работиме со другите министерства за одредени кратења, а дел од нив ќе се врати со пакетот на мерки во буџетот. Дефицитот ќе се зголеми и ќе се зголеми и јавниот долг“, рече денеска пред банкарите министерот за финансии Фатмир Бесими.
Баните ќе бидат директно вклучени на проектот кој го работиме со Развојна банка за линијата од 100 милиони евра, како и делот од ЕУ од 31 милиони евра, кои ќе бидат бескаматни кредити и грантови.
„Одиме со измена на Законот на банка за развој, во смисла на банкарската гаранција. Со фонд од 10 милиони евра преку банката за развој ќе се обезбедат банкарски гаранции за дополнителни кредити обезбедени од комерцијалните банки. Треба да се изработат и пуштат во употреба новите картички за еднократна помош на повеќе категории погодени од КОВИД-19 како што се невработени односно тие кои изгубиле работа, самохрани родители и други кои ќе се издаваат преку банките. Не очекува и викенд без ДДВ како и повеќе даночни олеснувања. Работиме со ЕУ и Светска банка за воспоставување на интегриран систем за буџетско планирање и реализирање управување со јавниот долг и долгорочно стратешко паметно планирање“, најави првиот финансиер.
