Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансии: Ќе се дебатира за прогресивниот данок

Финансии: Ќе се дебатира за прогресивниот данок

Министерот за финансии Фатмир Бесими нема прецизен одговор дали од 1 јануари на сила ќе стапи одложениот прогресивен данок. Вели дека за тоа ќе се дебатира со релевантните фактори и дека е можно секое решение за кое ќе има претходен договор.

Од 1 јануари ќе следуваат реформи во данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ, акцизите и „зеленото оданочување“ пред се кај повластените оданочувања.

- Реформите се прават заради помало задолжување и поквалитетни јавни услуги. Ќе следи јавна расправа и дискусија со аргументи, посочи Бесими пред медиумите.

Владата во ноември 2019 во мирување ја стави најавената примената на прогресивниот данок на личен доход на 36 месеци, односно до 1 јануари 2024. Во мирување беше ставена и стапката од 15 проценти за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

- Реформите ќе бидат по примерот на развиените земји од ЕУ. Тие не се воведуваат само поради кризата, туку заради одржлив систем во иднина, рече министерот и додаде дека на најавените даночни реформи се работело во последните две години, порача Бесими.

А.К.

Слично

Поврзани вести