Бесими и стопанските комори разговараа за европскиот извештај
Како да се подобри конкурентноста на македонската економија преку обезбедување на правна сигурност, доквалификување на работната сила, согласно потребите на пазарот на трудот, поттикнување на иновации и подобрување на фискалната дисциплина и транспарентност - ова беше тема на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими со претставниците на стопанските комори во Македонија.
Бесими и претставниците на Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија разговараа за економските забелешки од последниот Извештај на ЕК за наоредокот на Македонија.
Вицепремиерот истакнал дека потврда за поволната бизнис клима во Република Македонија се Есенските економски прогнози за 2014 година на Европската комисија според кои проектираниот раст на БДП за Република Македонија изнесува 3,3% за 2014 г., 3,4 во 2015 и 3,6% во 2016 година, што не рангира на првото место во регионот и второто место во Европа.
Со цел подобра информираност и искористување на средствата од Европските инструменти за финансиска поддршка, на иницијатива на Бесими било договорено одржување на јавни презентации и работилници во соработка со надлежните државни институции, претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје како и претставници од стопанските комори.
Слично
