Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими и Попоски заеднички на гости кај Филе

Бесими и Попоски заеднички на гости кај Филе
Добрососедските односи, имплементацијата на мартовскиот политички договор и реформите од Пристапниот дијалог на високо ниво беа во фокусот на средбата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе со македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими и шефот на дипломатијата Никола Попоски во Брисел. Тројцата информираа за исходот од средбата само преку соопштение. Филе нагласи дека разговорите со македонските министри се воделе и за клучните реформски области: слободата на медиумите, независноста на судството и изборното законодавство. Во заедничкото соопштение на Бесими и Попоски стои дека се разговарало и за динамиката за продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво, „Во наредните десет месеци, односно до објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија за оваа година, сите македонски институции ќе продолжат да бидат посветени на реформската агенда, регионалната соработка и градењето на позитивна клима и соработка со сите соседи“, рекле македонските министри пред Филе.
Слично

Поврзани вести