Бесими: Годинава 600 милиони евра нето-задолжување
Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција рече дека ето-задолжување на земјата до крајот на 2022 ќе биде 600 милиони евра, но дека голем дел од долгот ќе биде покриен со вратени средства.
- Јавниот долг во однос на БДП на крајот ќе биде 60,1 отсто. Тоа ќе биде раст од само 0,1 процентен поен во однос на лани, рече Бесими.
Министерот додаде дека земјата во моментов нема проекција колкава ќе биде инфлацијата на крајот од првиот годишен квартал.
- Инфлацијата во овој период е тешко да се предвиди и ќе зависи од тоа како ќе се развиваат настаните во Украина, кои драстично ја променија позициите на пазарите во Европа за клучните производи, истакна Бесими.
Тој додаде дека Владата има решенија за сите сценарија, но дека не може да конкретизира со бројки.
