Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими: До сега 100 милиони евра за ЕСМ, 130 милиони во 2022 за енергетската криза

Бесими: До сега 100 милиони евра за ЕСМ,  130 милиони во 2022 за енергетската криза

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција рече дека за оваа година државата уште од старт има обезбедено 130 милиони евра кои би можеле да се потрошат за надминување на енергетската криза, но дека нема да има зголемување на даноците.

- Нема да има даноци за енергетската криза, 100 милиони во 2021 беа доделени за ЕСМ. Во 2022 уште сега во јануари 10 милиони евра ќе се префрлат за ЕСМ како капитализација. 30 милиони евра ќе може ЕСМ или друга енергетска компанија да ги искористи од програмата за зелен развој. Дополнителни 90 милиони евра има обезбедено средства за антикризни мерки против Ковид, вклучително и енергетската криза. Тоа се вкупно 130 милиони евра што ги има во моментов во буџетот за 2022, рече Бесими.

Министерот додаде дека очекува во втората половина да се стабилизира ситуацијата со енергетската и ценовната криза.


Слично

Поврзани вести