Бесими бара продолжување на дијалогот со ноинарите
Невработеноста на младите, соработката со цивилниот сектор и дијалогот на Владата со новинарските здруженија, се главните теми на осмиот состанок на заедничкиот Консултативен комитет на граѓанско општество на Европската унија и Република Македонија, што се одржува денеска во Скопје.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими се осврна на препораките од неодамнешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за членство во ЕУ, истакнувајќи дека европската интеграција останува стратешки приоритет и се преземаат активности за спроведување на препораките. Според него дијалогот со новинарите, и соработката со младите се важни аспекти за Македонија и сите треба да го дадат својот придонес, како државните институции, така и невладиниот сектор.
- Важно е да продолжиме со дијалогот со новинарите, во однос на консолидирање на законската рамка, подобрување на условите за работење и квалитетот во таа област и создавање амбиент за слобода на изразување како што е тоа во нашиот Устав и како што посакуваме во наредниот период во сите меѓународни извештаи да се подобри сликата за РМ во однос на оваа област. Тоа е наша заедничка цел, на Владата, државните институции, на цивилниот сектор и е во корист на граѓаните на Република Македонија, рече Бесими.
Во државните институции веќе се работи на конкретизирање на Извештајот од ЕК и претворање во акциски план, што во наредниот период ќе се користи за подобрување на сите позиции што се наведени за да се покаже посветеноста на целта за членство во унијата, информира тој.
- Членството на РМ во ЕУ е важен приоритет за нас и драго ми е што Македонија и регионот остануваат во приориетите за проширување. Во наредниот период ќе го дадеме нашиот максимум и во декември очекуваме препораките од Извештајот да може да се оставрат за да Македонија чекори понатаму кон членството ЕУ со поквалитетни и побрзи реформи и отвореност внтаре во земјата кон соседите и кон ЕУ, наведе Бесими.
Големата невработеноста на младите, според заменик министерот за труд и социјална политика Ибраим Ибрахими, покажува дека тоа е сериозен проблем и затоа мерките и во наредниот период за 2014 и 2015 година се насочени кон намалување на невработенсота.
- Во националната стратегија за вработување за периодот до 2015 година тоа е приоритетна цел и за 2015 година е предвидено да се оствари стапка на вработеност на младите од 29 проценти, рече Ибрахими.
Според копретседавачот со Комитетот, Емилио Фатович сите чинители на граѓанското општетсво треба преку дијалог и анализа да се обидат да најдат решенија и предлози што ќе се поднесат до ЕК за да се забрза интеграцискиот процес и да се преземат следните чекори за преговори на Македонија за членство во ЕУ.
