Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесими: 61 милион евра за ЕСМ од заштеди

Бесими: 61 милион евра за ЕСМ од заштеди

Министерот за финансии Фатмир Бесими објави дека од заштеди во Буџетот и прераспределби помеѓу буџетските корисници се обезбедени допонителни 3,75 милијарди денари (61 милион евра) за справување со енергетската криза.

Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисницина централната власт и помеѓу фондовите денеска беше усвоена во Собранието. Со оваа одлука се прераспределуваат вкупно 5,15 милијарди денари, кои се обезбедени по основ на заштеди на ставки што не се приоритетни и каде има помала реализација од планираната.

„Целта на прераспределбата е да се одговори на предизвиците од актуелната енергетска и ценовна криза. Затоа и најголемиот дел од прераспределните средства 3,75 милијарди денари се насочени во програмата за мерки за справување со Ковид 19 и други антикризни мерки, односно тие ќе бидат насочени кон ЕСМ за производство на електрична енергија од домашнтие капацитети, со што се овозможува пониска цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата и околу 70 илјади компании, како и средства за нови антикризни мерки “, рече министерот во Собранието.



Слично

Поврзани вести