Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕШЕ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА БАЛКАНОТ: Денес живее тешко, му помагаат пријателите

БЕШЕ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА БАЛКАНОТ: Денес живее тешко, му помагаат пријателите

Ивица Тодориќ, кој беше прв човек на Агрокор, смета дека политиката ја уништи компанијата, а не економијата. 

За Агрокор вели дека имал долгови, но тие не биле неодржливи. 

По бегството во Лондон, и враќањето во Хрватска вели дека живее тешко. 

„Не ми е лесно, зависен сум од помошта на пријателите“, вели тој. 

Додава дека пријателите му помогнале да собере пари за кауција. 

Зборува дека има трошоци со кои не е лесно да се живее. 

Живее на имот од 55.000 метри квадратни, но објаснува дека го дели со уште четири семејства. 

„Ова е мој единствен недвижен имот. Мојот дел чини 6 милиони евра“, додава Тодориќ. 

Вели дека е свесен дека тоа не е малку, но нагласува дека бил најбогат на подрачје каде живеат 200 милиони луѓе. 

Слично

Поврзани вести