БЕСА: Власта да не го злоупотребува случајот ,,Ќелија” за политички поени
Од движењето БЕСА бараат меѓународната заедница да го набљудува случајот ,,Ќелија", бидејќи веруваат дека власта би го злоупотребила овој процес за остварување на политички поени.
„По денешните приведувања на неколкумина осомничени за учество во воени конфликти во други земји во т.н. процес „Ќелија“, Движењето БЕСА, иако го осудува секое противзаконско дејство бара од властите овој случај да не го злоупотребува за секојдневни политички поени. Бидејќи властите во Македонија во неколку наврати го злоупотребиле правниот и безбедносниот систем, притоа креирајќи и монтирајќи различни процеси, особено кога се во прашање Албанците, бараме и од меѓународните организации да го набљудуваат овој процес за да се спречи секоја злоупотреба на законот и при овој случај“- се вели во соопштението на БЕСА.
ие велат дека досегашната политика, им го отежнувала животот на Албанците и ги тера да се иселуваат и да стануваат жртви на манипулации и повици за приклучување кон воени акции.
„Ние, Албанците од Македонија, имаме десетина и стотина проблеми во нашиот двор и нема никаков повод што би не натерало да ги напуштиме нашите огништа по било каква цена. При тоа, не можеме да не потенцираме уште еднаш дека досегашната политика, особено таа во албанскиот камп, толку многу им го отежнува животот на младите Албанците, што на некој начин ги направи задолжителни жртви или на иселување или на учество во такви воени дејствија. Затоа БЕСА инсистира на младите Албанците во Македонија да им се овозможат подобри услови за живот, можности за вработување, но и побогат спортски, културен и уметнички живот, за тие да не станат жртви на таквите манипулации“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.
Слично
