Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА:Помилувањето е крај на правната држава

БЕСА:Помилувањето е крај на правната држава

Одлука на претседателот на Македонија за помилување на сите политичари кои се под истрага или над кои веќе е покрената постапка од СЈО, претставува уривање на целиот државен поредок и на правната држава,  реагираат од движењето Беса.

Претседателот на Беса, Билал Касами вели дека оваа Пандорина кутија секому му овозможува да прави што сака и да ги охрабрува криминалците. На овој начин смета дека се фаворизираат криминалците и тие кои тежнеат да ги злоупотребат институциите.

„Овој претседател прави невиден преседан, иако се смета себеси за професор по право и, второ, уште полошо за нас Албанците, овој „татко на нацијата“ се избра тогаш кога „верниот партнер“ на ВМРО-ДПМНЕ го намали потребниот цензус за избор на првиот човек на државата од 50% на 40%, а – дотолку повеќе – вториот мандат на Иванов му беше подарен токму од ДУИ, кога таа партија ги побара претседателските изборите во истиот датум со локалните избори“,- рече Касами.

Тој додава дека ќе биде неопходна посериозна интервенција од меѓународниот фактор, редефинирање на Македонија, со што би се оневозможило на која било партија во каква било ситуација да не може да ги злоупотреби државните институции.

Слично

Поврзани вести