Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА: Ја поздравуваме одлуката за одложување на изборите

БЕСА: Ја поздравуваме одлуката за одложување на изборите

Откако вчера амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, (поддржан од ЕУ) ја најави својата позиција дека во Македонија не се исполнети условите за избори да се одржат на 24 април оваа година, Движењето Беса ја поздравува оваа одлука и вели дека ова е уште една потврда за нивниот став дека според моменталните состојби во Македонија не е можно да се одржат избори во април.

Според ова, движењето Беса, како што наведуваа и претходно, велат дека пред да се зборува за било кој датум за изборите, прво инсистираат да се исполнат сите услови за одржување на фер избори и слободно, но, исто така, строго да се спроведе секоја точка од Договорот  од Пржино, бидејќи само слободни избори може да бидат гаранција за демократско и отворено општество во Македонија.

Покрај тоа, движењето Беса  го повторува и ставот дека, иако таа е подготвена да учествува на изборите, кога тие се организирани и за кои постои меѓународна гаранција дека условите за организација на изборите од страна на стандардите на ОБСЕ и ОДИХР се фер, транспарентни и демократски.

Слично

Поврзани вести