Беса и ПДП се за една изборна единица со отворени листи
Движењето ,,Беса" и Партијата за демократски просперитет(ПДП) бараат измени во изборниот систем на Македонија и воведување една изборна единица со отворени листи. Тие сметаат дека тоа е од суштинска важност за демократизација на македонското општество.
,,Со сегашниот изборен модел, малите партии станаа заложници на големите, кои ги води една група па дури и еден човек. Со една изборна единица и со отворени листи, политичките одлуки ќе се носат побалансирано" -вели Билал Касами, од движењето Беса.
,,Македонија со овој модел оди кон диктатура. Таа треба да се демократизира, а не да биде под влијание на две политички групи " изјави претседателот на ПДП, Неџат Беџети.
Од Беса и ПДП се надеваат дека нивните предлози ќе бидат прифатени за време на политичкиот дијалог на големите партии.
