Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСА ги поддржува протестите и бара враќање на демократијата

БЕСА ги поддржува протестите и бара враќање на демократијата

Движењето БЕСА одлучи да ги поддржи сите активности на цивилното општество, кои се организираат со цел спречување на одржувањето на изборите на 5 јуни.

Бараат да се спасат веќе урнатите институции на државата и да се врати демократијата во земјата.

Ќе ги поддржат протестите, повикувајќи се на претходните заклучоци донесени од Централното Претседателство на Движењето БЕСА, како и на ставот на САД и ЕУ дека не се исполнети неопходните услови за фер и демократски избори, но и на фактот дека претседателот на државата за малку ја укина работата на Специјалното Јавно Обвинителство и го стави во опасност договорот од Пржино.

Од БЕСА велат дека овој режим е докажан и како антиалбански, анти-НАТО и анти-ЕУ.

Слично

Поврзани вести