Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берзите растат, нафтата паѓа

Берзите растат, нафтата паѓа

Повеќето светски берзи забележаа раст после извештајот од состанокот на американските Федерални резерви на кои се разгледани референтните каматни стапки.

Европските индекси се во плус после колебањата на почетокот од тргувањето.

Германскиот DAX е во раст од 0,2 отсто,  CAC-40 од 0,3 отсто, додека британскиот FTSE 100 е во плус 0,1 отсто. Се очекува и подоцна на Волстрит главните индекси да остварат раст на почетокот од тргувањето.

И на азиските берзи е остварен раст иако Мудис го намали кредитниот рејтинг на Хонг Конг, бидејќи вчера истото го направија и за Кина наведувајќи го како причина големиот вкупен долг на Кина. Јапонскиот Никеи 225 порасна 0,4 отсто, Ханг Шенг 0,8, Коспи еден отсто, а шангајскиот композитен индекс 1,4 отсто.

Цените на нафтата пак значајно паднаа. Референтната американска нафта, споед податоци на Блумберг, поевтинила за 1,9 отсто на 50,4 долари по барел, а нафтата Брент за 1,7 отсто на 53,1 долар за барел.

Слично

Поврзани вести