Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берзата објави, акционерската сарма крчка! Кој ќе крка месо, за кого е повеќе на зелка?

Берзата објави, акционерската сарма крчка! Кој ќе крка месо, за кого е повеќе на зелка?

Неговото височество профитот е најпосакуваната категорија за секој инвеститор што вложува во акции. И сега во овој период во нивниот фокус се добивките на домашните компании чии акции котираат на берзата. Листата на добивки е достапна на следниот линк https://mse.mk/Repository/Rezultati_Q2_2022.pdf

„Фактор.мк“ за вас, почитувани читатели подготви табеларен приказ на добивка по акција и ги издвои најдобитните акции (апсолутен износ на добивка по акција). Затоа што добивката сама по себе во апсолутен износ и не е доволен показател за успешноста на вложените средства во акции. А кога ќе дојде време и ќе се објават дивиденди (догодина на пролет) ќе подготвиме и финалното рангирање на принос по акција во сооднос на просечна пазарна годишна цена. 


Р.Ф.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести