Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берзата го затвори последниот ден од неделата со промет над 33 милиони денари

Берзата го затвори последниот ден од неделата со промет над 33 милиони денари

Македонска берза вчерашниот последен трговски ден од неделата го заокружи со вкупен промет од 33,4 милиони денари.

Истргувани беа  122.359 лотови реализирани преку 105 трансакции.

12 акции остварија над милиони денари промет .

Денот го обележаа две последователни блок трансакции реализирани со акциите на МЗТ Енергетика (количина 410 акции по цена од 3.104 денари) и акциите на Бетон Штип (количина 9.749 акции по цена од 515 денари) а се реализираа и дополнителни уште две блок трансакции со акциите на Нова Стоковна куќа Струмица и Скопски пазар АД Скопје.

Хартиите од вредност на ОКТА АД Скопје го регистрираа најголемиот пад на вредноста и тоа -7,14 отсто со просечна цена од 2.608.33 денари

Слично

Поврзани вести