Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берзанските случувања ќе имаат регионален импакт!

Берзанските случувања ќе имаат регионален импакт!
Паричниот фонд КД Кеш Депозит служи за безбедно вложување на пари без орочување. Неговите главни предности се сигурноста на вложените пари, високата стапка на принос за депозит по видување и можноста за располагање со парите во секое време. Преку КД Кеш Депозит вложените средства се распоредуваат во различни домашни банки, со што се подигнува квалитетот и сигурноста на влогот. Од гледна точка на сигурноста на вложените средства, важно е да се напомене дека Комерцијална банка АД Скопје како депозитарната банка на овој фонд претставува гарант за неговиот имот и правата кои произлегуваат од тој имот. Во интервју за Фактор првиот човек на КД Фондови Лазе Камчев ги објаснува очекувањата за претстојниот период. Какви се Вашите очекувања за претстојниот период? Во првиот квартал од 2015 година, ако сѐ се одвива согласно најавите, би требало да се заврши со процесот на приватизација на Телеком Словенија, комапанија на која фондот КД Нова ЕУ е изложен со речиси 9% од своите средства. По овој процес очекуваме зголемена ликвидност на пазарот на капитал, која би можела да доведе до раст не само на Љубљанската берза, туку и на останатите регионални пазари. Интересно ќе биде да се следи и евентуалната продажба на тутунскиот дел од дејноста на Адрис групата, како и нејзиното преструктуирање во делот на осигурувањето. Потенцијално најголемо случување во 2015 година, не само во Хрватска, туку и во целиот регион би можела да биде првата јавна понуда (IPO) и котација на компанијата Агрокор. целото интервју ТУКА
Слично

Поврзани вести