Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Посна божикна трговска недела!

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Посна божикна трговска недела!
 „Алкалоид“ направи повеќе од половина од целиот неделен промет со акции во класично тргување, а единствена со промет над еден милион денари, очекувано, беше „Комерцијална банка“ Посна трговска недела на македонскиот пазар на капитал. Очекувано и прогнозирано првата трговска недела по Нова година секогаш е скромна и никој не очекува многу, барем од тие што подолго ги следат или активно ги креираат состојбите на Македонската берза за хартии од вредност. Прометот со акции на Официјалниот пазар беше вкупно 4,4 милиони денари во класично тргување. Да се надеваме дека ова ќе биде најпосната односно трговската недела со најмал промет оваа година. За да се има реална слика на состојбата мора да се напомене дека оваа трговска седмица имаше само три трговски дена. Очекувано најголем промет на подсегментот “берзанска котација“ оствари акцијата на „Алкалоид“. Реализацијата изнесува 2,7 милиони денари, а акцијата се тргуваше во маргина 5.005 до 5.100 денари за акција. Очекувано втора според остварен промет и тоа над маргината од еден милион денари беше акцијата на „Комерцијална банка“. Реализацијата изнесува 1,6 милиони денари. Во класично тргување во трите трговски дена беа истргувани уште пет акции: „Фершпед“, „Гранит“, „Макпетрол“, „Скопски пазар“ и „Макстил“. Нивниот вкупен промет изнесува околу еден милиони денари. Мрзоволноста и интертноста на инвеститорите е очекувана и прогнозирана. Се поинаку ќе беше позитивно изненадување за најголем дел од инвеститорската заедница. Поединечно најголем промет оствари обврзницата на денационализација од 13 емисија. Таа вредносна хартија се тргуваше во маргина од 92,2 отсто до 94,5 отсто од нејзината номинална вредност која изнесува 1 евро. На подсегментот „задолжителна котација“ на Официјалниот пазар вкупниот промет изнесува 0,8 милиони денари. Најликвидни, вообичаено, беа акциите на: НЛБ Тутунска банка која оствари и најголем промет од 0,34 милиони денари, пред обичната акција на Стопанска банка со промет од 0,24 милиони денари и акцијата на Македонски телеком со реализација од 0,18 милиони денари. Вкупниот промет на сите подсегменти на Официјалниот пазар изнесува 14,25 милиони денари.  
Слично

Поврзани вести