Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: „Комерцијална банка“ близу до најниска годишна цена, „Алкалоид“ со промет од 300.000 евра

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: „Комерцијална банка“ близу до најниска годишна цена, „Алкалоид“ со промет од 300.000 евра
„Алкалоид“ по објавата на дивиденда останува во фокусот на инвеститорите заради тоа што приносот на краток рок од дивиденда е обратнопропорционален со неговата пазарна цена. Ако таа оди надолу ќе видиме веројатно и значаен број подготвени купувачи и силна акција на куповната страна. Инвеститорите знаат дека не може да згрешат особено заради тоа што станува збор на најликвидната македонска акција Акцијата на „Алкалоид“ и оваа семица беше најтргувана акција на македонскиот пазар на капитал, но со значајно намалување на прометот во однос на претходната седмица. Имено реализацијата изнесува околу 300.000 евра, а тоа е 350.000 евра помалку од истргуваниот материјал во претходната седмица. Цената на акцијата на „Алкалоид“ оваа седмица се движеше во маргина од 5.101 до 5.000 денари за акција, а затвори тргување на цена од 5.050 денари. Мотивите за обемното, за наши услови, тргување со акцијата на „Алкалоид“ како што и досега сме кажале треба да се бараат по два основи. Прво, дивидендата што ја дели компанијата е околу 190 денари по акција, а доколку пазарната цена паѓа тоа стимулира и мотивира повеќе потенијални инвеститори заради тоа што за краток временски период добиваат принос од 3,5 до 3,7 отсто или ако цената оди на маргината од 5.000 денари за акција или под неа тоа е стимулативно за приносот затоа што е  тие две величини се обратнопропорционално. И заради тоа може и во претстојната седмица да очекуваме значаен промет со таа акција, нормално доколку има расположени продавачи на цени од 5.000 до 5.100 денари за акција или можеби ќе видиме и продавачи на цена до или под 5.000 денари за акција. Но тоа ќе го покаже пазарот и неговата невидлива рака. Второ, дополнително стимулативно за „Алкалоид“ што е во фокус на инвеститорите е тоа што знаат дека ризикот од ниска ликвидност кај таа акција речиси и да не постои и заради тоа потенцијалните инвеститори многу не тактитизираат кога носат одлуки за вложување во таа акција. Секако не треба да се исклучи и опцијата дека во овој период е можно да се очекува акции од „Алкалоид“ да купуваат и членови на неговиот менаџерски тим, кои традиционално го прават тоа секоја година пред исплата на дивиденда. „Комерцијална банка“ – втората перјаница на напата берза оваа седмица бележеше нова корекција и застана на ниво од 1.850 денари за акција, по минатонеделните 1.900 денари за акција. Прометот со „Комерцијална банка“ изнесува 4,37 милиони денари што е безмалку за повеќе од 40 отсто помалку од прометот во претходната седмица. Акцијата се тргуваше пет дена, а најниска цена достигна во петокот кога ја допре границата од 1.850 денари за акција. Стартот на тргувањето, во понеделник, беше на 1.940 денари, а дојде до цена и од 1.950 денари за акција. Во петокот на 1.850 денари за акција, имаше мноштво да речеме „жедни“ купувачи кои „Комерцијална“ ја перцепираа како многу атрактивна стока на таа цена. Некои и успеаја да купат. На крај на денот останаа нереализирани куповни налози на цена од 1.850 денари за акција. Како ќе биде во претстојнава седмица останува да видиме. Пред се зависи од тоа дали ќе се појави посериозен продавач и како ќе ги поставува количествата. На куповната страна е повеќе од очигледно дека има сериозно, но притаени купувачи, кои во овој момент би влегле на 1.850 денари за акција. „Макпетрол“ оваа седмица по пауза од половина месец се врати во групата најтргувани. Веројатно на некој начин пројде шокот и инвеститорите ја „сварија“ годишната сметка со која најголемиот малопродажен синџир на нафтени деривати трета година по ред е во загуба од својот „кор бизнис“. Тоа влијаеше и на цената , акцијата се тргуваше од 20.000 денари до 19.300 денари за акција. Се тргуваше 5 денар, а прометот изнесува 1,3 милиони денари. Очигледно е дека овде влегуваат инвеститори кои се подготвени на поголем ризик или на повеќе чекање. Останува да видиме каков ќе биде првиот квартален извештај на гигантот „Макпетрол“. И сензацијата на седмицата, текстилниот гигант „Тетекс“ кој објави дека ќе дели дивиденда од 50 денари нето за акција. Тоа е принос од 7,7 отсто на пазарната цена на акцијата која изнесува 650 денари. Последните 8 трансакции се случија во вторникот, еден ден по објавата на информацијата за предлог – одлуката за дивиденда. Во вторникот беа истргувани 2.050 акции на „Тетекс“ по цена од 650 денари во осум трансакции. „Тетекс“ оствари промет од 1,33 милиони денари што е вистинска реткост оваа акција да се најде во најтргуваните. На подсегментот задолжителна котација очекувано најголема активност имаа НЛБ Тутунска банка со промет од 5,49 милиони денари во ценовна маргина од 5.450 до 5.350 денари за акција и по малку изненадувачки „Прилепска пиварница“ со промет од 3,54 милиони денари по единствена цена од 20.000 денари за акција. Дали „Прилепска пиварница“ ќе направи преседан и ќе подели дивиденда? Да видиме иако познавачите се воздржани, прометот оваа седмица направен во три дена покажува дека некој можеби знае или очекува позитивни вести. Останува да видиме. „Македонски телеком“ објави дека ќе подели нето дивиденда од 21,2 денари за акција и успеа да се најде меѓу најтргуваните со промет од 1,4 милиони денари и тргување во сите пет дена. Акцијата оствари раст од 24 денари (повисок од дивидендата) и се тргуваше во маргина од 276 до 300 денари за акција.
Слично

Поврзани вести