Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗА: Ова се акциите кои остварија најмногу промет

БЕРЗА: Ова се акциите кои остварија најмногу промет

Вчерашниот прв ден од оваа работна недела на Македонска берза стартуваше со блок трансакцијата со акциите на Стопанска банка АД Битола.

Берзата преку реализирани  38 трансакции оствари 12.088.723 денари, а беа истргувани 5.244 акции по цена од 1.311 денари.

Вкупениот промет на трансакцијата изнесуваше 6.874.884 денари што беше повеќе од половина или 56,87 отсто од вкупно остварениот промет на Берзата додека другите хартии од вредност кои беа тргувани на пазарот вчера остварија промет од околу 5,2 милиони денари.

Највисок раст на вредноста забележа акцијата на Охридска Банка АД Скопје. Со нејзините хартии од вредност беа истргувани 118 акции по просечна цена од 5.082,41 денари.

Најголем пад имаше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, а зад неа следеа акциите на Макпетрол и  Алкалоид АД.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,27 отсто, и изнесуваше 2.273,45 индексни поени.

Слично

Поврзани вести