Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗА: Кои две банки остварија дневен промет над пет милиони денари?

БЕРЗА: Кои две банки остварија дневен промет над пет милиони денари?

Две домашни банки го свртеа вниманието на јавноста и ги заинтересираа инвеститорите.

Со хартиите од вредност на Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола на македонска берза остварија поединечен промет од над пет милиони денари.

Со хартиите од вредност на Комерцијална банка Скопје се истргувани  вкупно 1.895 акции  по просечна цена од 3.000,49 денари преку 26 трансакции, додека 4.135 акции од Стопанска банка Битола кои достигнаа просечна цена од 1.300 денари преку 6 трансакции.

Во топ пет листата се најдоа и акциите на  Алкалоид АД Скопје со промет од 3,6 милиони денари, на Стопанска банка Скопје со промет од 1,4 милиони денари и на Прилепска пиварница Прилеп со промет од 1,04 милион денари.

Слично

Поврзани вести