Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗА: Кои акции вчера остварија над милион денари промет?

БЕРЗА: Кои акции вчера остварија над милион денари промет?

Најтргувани акции во текот на вчерашниот ден беа акциите на Комерцијална банка, Стопанска банка АД Битола и фармацевтскиот гигант Алкалоид .

Со хартиите од вредност на Комерцијална банка беа истргувани 1.090 лотови по просечна цена од 2.861,08 денари. Со промет од 1 милион денари денот го завршија акциите на Стопанска банка АД Битола и Алкалоид со промет од 0,7 милиони денари.

Вкупниот промет на Македонска берза изнесуваше 6,6 милиони денари преку 32 трансакции.

Индексот МБИ10 веќе трет ден бележи негатива и изнесува 2.290,40 индексни поени.

Слично

Поврзани вести