БЕРЗА: Кои акции вчера беа магнет за инвеститорите?
Во текот на вчерашниот ден инвеститорите го ставија акцентот на акциите на Комерцијална банка. Цената на акцијата порасна за 0,54 посто, ја проби границата од 3.000,00 денари и беа истргувани 4 177 акции.
Просечната цена на акциите на Комерцијална банка вечра достигна 3.000,04 денари и промет од 12,5 милиони денари.
Фокусот на инвеститорите го задржа и акцијата на Охридска банка со која вчера беа истргувани 2.737 . Нивната просечна цена изнесуваше 4.507,54 денари и забележа промет од 12,3 милиони денари.
Блок трансакција беше реализирана со акцијата на Скопски пазар . Истргувани беа 500 акции по просечна цена од 12.300,00 денари
108 трансакции на Берзата и донесоа вкупен промет од 35.2 милиони денари.
Слично
