БЕРЗА: Инвеститорите во јуни најмногу ги „меркаа“ акциите на овие компании
Расте прометот на Македонска берза и во јуни.
Ова станува јасно од последниот Месечен билтен на берзата.
Ако гледаме во бројки тоа значи дека за 33,89% е зголемен прометот на Македонска берза и во јуни изнесува 418.088.220 денари.
Во јуни расте и бројката на трансакции . Билтенот покажува дека минатиот месец се реализирани вкупно 1.460 трансакции или 11,79% повеќе во однос мај.
Најтргувани хартии од вредност
Инвеститорите во јуни најмногу беа фокусирани на акциите на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална Банка и НЛБ Банка АД Скопје.
Со акциите на Алкалоид АД Скопје, кои се тргуваа по просечна цена од 5.779,14 денари беа реалириани 126 трансакции со 17,61% учество во прометот . Хартиите од вредност на Комерцијална Банка Скопје во јуни се тргуваа по просечна цена од 2.665,99 денари и тие земаа 14,50% учество во вкупниот промет со 182 реализирани трансакции. Акциите на НЛБ Банка АД Скопје учествуваа со 14,24% во вкупниот промет а реализирани со хартиите од вредност на оваа банка биле 91 трансакција по просечна цена на акција од 10.367,63 денари. Раст и пад на акции Топ три акции кои во јуни на берзата забележале најголем пораст се акциите на МЗТ Пумпи Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје и Универзална Инвестициона Банка Скопје, додека пад е забележан кај акциите на Нова стоковна куќа Струмица, Карпош Скопје, Топлификација Скопје, Жито Лукс Скопје и Стопанска банка Скопје .
