Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЗА: Банките на „мета“ на инвеститорите

БЕРЗА: Банките на „мета“ на инвеститорите

Инвеститорите последниот трговски ден својот фокус го ставија на акциите на банките.

Така најтргувана беше акцијата на Охридска банка чиј промет стигна 1,3 милиони денари со истргувани 349 лотови по просечна цена од 3 900 денари.

Втори најтргувани акции беа оние на Стопанска банка Скопје со промет од 0,8 милиони проследени со акциите на НЛБ Банка со промет од 0,7 милиони денари.

Со реализирани 57 трансакции вкупниот промет на берзата изнесуваше 4,8 милиони .

Што се однесува до МБИ10 тој бележи пад на вредноста од 0,29 отсто додека ОМБ порасна за 0,02 отсто.

Акцијата на Агромеханика Скопје пак имаше фантастичен  поединечен пораст на цената со 600% и  истргувани 15 лотови по цена од 2.800 денари.

Слично

Поврзани вести