БЕРЗА: Акциите на Гранит вчера најтргувани
Во текот на вчерашниот ден акциите на градежната компанија Гранит се најдоа во фокусот на инвеститорите.
Со хартиите од вредност на оваа компанија биле истргувани 3.042 лотови по цена од 621,51 денари со промет од 1,89 милиони денари .
По акциите на Гранит, како најтргувани беа акциите на Алкалоид, со 1,7 милиони денари, Комерцијална банка со 1,3 милиони, Охридска банка со 0,8 милиони.
Според прометот следеле акциите на Алкалоид, со 1,7 милиони денари, Комерцијална банка со 1,3 милиони, и Охридска банка со 0,8 милиони.
Прометот на берзата се движел во рамки на просекот и изнесувал 7,4 милиони денари преку 63 трансакции, додека индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,63 отсто, и изнесуваше 2.247,81 индексни поени,
Индексот на обврзниците остана непроменет.
