Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлускони е бранител на италијанската економија?!

Берлускони е бранител на италијанската економија?!
Европските политичари кои ја критикуваат кандидатурата на Силвио Берлускони за италијански премиер не ја почитуваат слободата за избор на Италијанците, рече самиот Берлускони. „Реакцијата на некои европски политичари и некои странски новинари се навредливи бидејќи тие не ја почитуваат слободата на избор на Италијанците“, изјави поранешниот италијански премиер, кој се надева дека на почетокот на 2013 година и по четврти пат да се врати во палатата Чиги. Неоправданите проценки  се поврзани со повторните шпекулации чија цел да ги ослабнат нашите компании и овозможат тие да станат лесен плен за странските купувачи, изјави Берлускони, претставувајќи се себеси како бранител на италијанската економија. Исто така се обиде да го побие мислењето на многумина кои веруваат дека тој евроскептик заинтересиран само за националните интереси. Тој рече дека како убеден Европјанин секогаш се борел за помалку бирократизирана и политички обединета Европа, со заедничка монетарна политика, една надворешна политика, одбранбената политика, бидејќи само таква Европа може да преживее на меѓународната сцена.
Слично

Поврзани вести