Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлин зад заканите да го запре „кешот“ на Грците!

Берлин зад заканите да го запре „кешот“ на Грците!

Советот на гувернери на Европската централна банка одлучил од 1 март на грчките банки да им го скрати пристапот на готовина што предизвикало пад на вредноста на грчките обврзници на пазарите.

Грчките банки заклучно со последниот ден од февруари ќе имаат можност да добијат готовина од Франкфурт бидејќи потоа истекува важноста на Програмот за пристап до готовина по итно барање, кое таа го доби со пристапот како привилегија во замена за исполнување на условите на Тројката (ММФ, ЕЦБ и ЕУ).

После ваквите одлуки ЕЦБ, единствената врска на грчкиот банкарски систем со еврозоната е токму овој програм, а следната недела ќе биде клучна за Атина, бидејќи решението за нејзината должничка криза ќе биде тема на вонредниот состанок на министрите за финансии на еврозоната.

Министрите во среда, на 11 февруари, заедно со грчкиот колега Јанис Варуфакис, ќе се обидат да дојдат до компромис кој би требало да ги задоволи европските правила за враќање на превземаните кредити и да го испочитува изборот на грчките гласачи да се откажат од политиката на Тројката која се покажа како неуспешна. Нивните заклучоци ќе бидат основа, да ден подоцна, шефовите на државите и владите на самитот во Брисел донесат прецизни одлуки за решавање на грчката криза.

Одлуката на Советот на гувернери на ЕЦБ аналитичарите ја толкуваат како политички притисок на Грција.

Банката неа фактички ја казни поради одбивањето на продолжување на соработката со Тројката и исполнување на нејзините услови. Со ова ЕЦБ ја премина границата на својот мандат бидејќи донела одлука која подразбира дека до спогодба со Грција не дошле, иако за тоа треба допрва да се разговара и одлучува следната недела.

ЕЦБ недвосмислено тргнала во контраофанзива против новата влада во Атина и рекла јасно „НЕ“ на министерот Варуфакис кој пред состанокот на  Советот на гувернери на ЕЦБ, во средата во Франкфурт се состана со директорот на таа банка Марио Драги.

На Советот на гувернери преовладувала германската влија и прогерманската струја која заговара политика на строго штедење, и покрај катастрофалните резултати кои таа ги донела не само во Грција туку и ширум Европа.

Како и да е, од среда вечер одлуката на ЕЦБ на европскиот календар за Грција стана значително прецизен: Атина има 25 дена да најде решение со своите доверители кои се во 75 одсто случаи други европски држави, а останатите се приватни банки. Ако не се дојде до решение, Грција како единствен избор ќе го има излегувањето од еврозоната, сметаат многу аналитичари. Тоа излегување ќе ја чини многу бидејќи во неутралните анализи од пред две години се споменува износ поголем од 1,2 трилиони евра. Неизвесно е дали еврото ќе го преживее тој удар.

Слично

Поврзани вести