Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЛИН СМИСЛУВА ПЛАН: Што ако Турција го откаже договорот со бегалците?

БЕРЛИН СМИСЛУВА ПЛАН: Што ако Турција го откаже договорот со бегалците?

Владата на Германија го смета за веројатно откажувањето на Турција од договорот за враќање на мигранти и работи на план за акција, ако тоа се случи, пренесе Шпигел. Во документот се наведува дека развојот на настаните во Турција по неуспешниот обид за државен удар се „целосно нејасни“.

Берлин констатира исто така, дека и сега има проблеми при депортацијата на бегалците од Грција во Турција.

Ако договорот со Анкара не се почитува, ЕУ мора да обезбеди контрола на поморската граница меѓу грчките острови и Турција, пишува германското издание. Се истакнува потребата да се обезбеди сеопфатна соработка од грчка страна. Претходно министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, даде изјава, која беше прифатена од европските политичари како уцена.

Чавушоглу изјави дека ако визниот режим за турските граѓани не биде либерализиран, Турција ќе биде принудена да се откаже од извршување на договорот за враќање на бегалците.

Слично

Поврзани вести