Берлин, Париз и Брисел нека се подготват за тежок удар: Русите ѝ порачаа на Европа што ја чека по силната одлука на Трамп
Новите американски царини од 25 проценти за увоз на автомобили и камиони од Европската унија, во комбинација со енергетската криза, би можеле сериозно да го погодат веќе ослабениот индустриски сектор во ЕУ.
Ова го изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, Кирил Дмитриев. Според него, најавените мерки од Вашингтон ќе создадат дополнителен притисок врз европската автомобилска индустрија, која веќе се соочува со високи трошоци за енергија, пад на конкурентноста и проблеми во производството.
- -Царините од 25 проценти за автомобили и камиони од ЕУ, во комбинација со енергетската криза, претставуваат силен удар врз индустрискиот сектор кој и онака е под притисок – напиша Дмитриев на социјалната мрежа Икс.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од следната недела САД ќе ги зголемат царините за увоз на возила од Европската унија на 25 проценти. Тој ја обвини ЕУ дека не ги исполнила целосно трговските договори со САД, поради што Вашингтон воведува нови мерки.
Според најавите, новите царини нема да важат за возила произведени во фабрики на територијата на САД, што дополнително ги погодува европските производители кои извезуваат на американскиот пазар. Воедно, ова може да ги поттикне компаниите да го префрлат дел од производството во САД.
Оваа најава доаѓа во период кога Европската унија се соочува со зголемен притисок врз индустријата, особено поради високите цени на енергенсите и намалената конкурентност во однос на американските и азиските производители.
Информер.рс