Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бериша вели дека Рама е брат на Вучиќ, а Владата вазал на Србија

Бериша вели дека Рама е брат на Вучиќ, а Владата вазал на Србија

Владата на премиерот  Еди Рама се претворила во вазал на Србија, вели   екс албанскиот претседател, експремиер и лидер на побројното членство на опозициската Демократска партија, Сали Бериша. 

Тој изјави дека  српскиот претседател Александар Вучиќ му се заканувал на Косово со војна, НАТО му дал црвен картон, а Рама не реагирал на ова, бидејќи тој е брат на Вучиќ.

„Ајде денес да го прашаме Еди Рама: Господине, вашиот брат Вучиќ, какви факти има дека Србите се тероризираат на Косово? Вие двајца сте тие што веќе неколку месеци се заканувате со војна на Косово, сè додека не доби црвен картон од НАТО, кога генералниот секретар на НАТО му рече дека ние сме таму, таму е нашата граница. Дали брат му во Тирана му кажа нешто? Не, не кажа ни збор“, рекол Бериша, јави Ора њуз.

Според него, освен 1945 година, сега Албанија е повазална од кога било кон Белград.

„Срам е кога гледате дека вашата влада стана гласноговорник, приврзок на белградската влада. Белград кој покажува апсолутно непријателство кон Албанците. Ова е најопасно во Европа после Владимир Путин, ова е малиот Путин, тој е толку агресивен, толку параноичен, но го нема оружјето на Путин, тоа му го кажаа и неговите генерали што ги собра во штабот на 1 август а кои му кажаа дека за четири часа го имаме НАТО над глава“, рекол Бериша.

На средба со партиски членови, симпатизери и граѓани во Пешкопеја, Бериша зборувал и за депопулацијата на земјата. 

Слично

Поврзани вести