Бериша поднесе оставка
Албанскиот премиер, Сали Бериша, кој во изминатите осум години беше на чело на албанската Влада, попладнево му ја достави својата оставка на претседателот на Албанија, Бујар Нишани. Тој сепак ќе остане на функцијата се до изборот на новиот владин кабинет.
На изборите, Бериша беше избран за пратеник и како највозрасен требаше да раководи со денешната конституивна седница на Парламентот. Но, тој го одби тоа, па со седницата ќе раководи социјалистот Намик Докле.
Слично
