Екс албанскиот претседател и експремиер, демократот Сали Бериша го предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со иницијативата „Отворен Балкан“, која ја нарече „замена за Берлинскиот процес со онаа на Путин“.
Бериша му порача да не помислува да дојде во Тирана,.
„Отворен Балкан“ е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлиенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин. Го предупредуваме Милошевиќ или новиот Слободан, за „Отворен Балкан“ да не помислиш да дојдеш во Тирана, бидејќи улиците и плоштадите ќе бидат преполни од народ против тебе“, порача Бериша. Вели дека криминалната група, која денес раководи со Белград е главен инспиратор на геноцидот во Косово, кој го негира геноцидот врз Албанците.