Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бензинските ќе останат без лиценца и ќе добијат казна ако нудат неквалитетни горива

Бензинските ќе останат без лиценца и ќе добијат казна ако нудат неквалитетни горива

За бензиски станици каде што се утврдени неквалитетни горива ќе има казни и одземање на лиценци. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев.  Контролите ќе продолжат и ќе се проверува дали се почитуваат сите стандарди.

„Треба да се проверат сите стандарди дали се почитуваат. Ние имаме европски правилници, европски стандарди, имплементирани регулативи од ЕУ, многу е важно сето тоа да се почитува оти од тоа зависи и здравјето на граѓаните, но зависи и интересот на целиот наш народ“, рече премиерот. 

Прелиминарниот извештај поминал на Влада, а во вторник ќе го имаат и комплетниот сублимат каде Државниот пазарен инспекторат ќе изрече казни. Воедно, ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци. 

Слично

Поврзани вести