Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бензинот поскапе на 74 денари

Бензинот поскапе на 74 денари

Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ во просек поскапуваат за 0,28 % во однос на Одлуката на Регулаторна комисија за енергетика од 05.07.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Цените на останатите деривати остануваат исти.

Тоа значи дека од 13 јули цените за  ЕУРОСУПЕР БС 95 и  ЕУРОСУПЕР БС -98 че изнесуваат 72, односно 74 денари по литар.  Дизел горивото останува и маслото за горење остануваат 63 денари по литар, додека мазутот е 37,719 денари по килограм.

„Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,887%, кај дизелот има намалување за 0,292%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,118% и кај мазутот намалувањето е за 0,579%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,495 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.7.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, се вели во одлуката на РКЕ.


Слично

Поврзани вести