Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бензинот и дизелот од полноќ со нови цени

Бензинот и дизелот од полноќ со нови цени

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги изненади возачите со нови, пониски цени на горивата. Од вечерва на полноќ ќе плаќаме за нијанса пониски цени за бензините и дизелот.

Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.82%. Ова значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по еден денар, и литар од овие горива ќе се продава по цена од 77.50, односно 79.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 66 денари.

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.
Слично

Поврзани вести