Бензинот, дизелот и мазутот со нови цени од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика на Македонија денеска ги објави новите цени на нафтените деривати.
Имено, бензинот поевтинува за денар и половина, дизелот за половина денар, реши Регулаторната комисија за енергетика.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 73,50, на Еуросупер БС 95 ќе биде 72 денари, а на Еуродизелот 62 денари.
И екстра лесно масло за домаќинство поевтинува за половина денар на 50,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,816 денари и со тоа цената од полноќ ќе изнесува 33,019 денари за килограм.
Слично
